Отсекогаш постоелно големо интересирање во јавноста за љубовните врски и бракови на познатите личности, особено ако тој однос бил проследен со по некој скандал.
Вториот развод на Ким Кардашијан
Ким и Крис Хамфриз биле во брак 72 дена.
Обично секој пар поминува барем неколку години во брак после изговарањето на судбоносното „Да“, но тоа не е случај и со Ким Кардашијан. Откако Ким заработи милиони со венчавката со Крис Хамфиз, јавноста беше загрозена кога тие двајца одлучија да се разведат по само 72 дена. Ким беше обвинета дека се венчала само поради пари и внимание и дека го исмеала поимот „брачна заедница“.
Нападот на Крис Браун врз Ријана
Крис и Ријана раскинаа кога тој и нанесе тешки физички повреди на пејачката.
Многумина беа сигурни дека Крис Браун и Ријана ќе бидат новиот супер – музички пар како Џеј Зи и Бијонсе. Меѓутоа, нивната врска стана главна вест во 2009 година, откако Крис ја претепа Ријана. Неговата кариера после тој настан тргна во надолна линија, и засекогаш го уништи својот имиџ на „добар дечко“. После тоа, парот раскина, но за нивните „пријателски“ односи, медиумите пишуваат и денес. Пејачката после се, во една прилика изјави дека двајцата се уште се сакаат. Неодамна беа видени заедно, наводно, како пријатели.
Раскинувањето на Џастин Тимберлајк и Бритни Спирс
Бритни наводно го изневерила пејачот со нејзиниот кореограф.
Џастин и Бритни беа совршен поп – пар. Таа беше голема ѕвезда која својата невиност ја чуваше за во брак, а тој член на еден од најпознатите машки бендови, своевремено. Во врска беа од 1999 до 2002 година. Тогаш започнаа гласнините за неверството. Се пишуваше дека Бритни е виновна. Тоа беше крај на нивната љубов. Многумина велат дека Џастин токму неа и ја има посветено песната „Cry me a river“, а фотографијата што ја фрла во видеото, на која за момент се гледа девојка, е токму неговата тинејџерска љубов…Бритни.
httpv://www.youtube.com/watch?v=DksSPZTZES0
Алиша Киз – крадец на туѓ сопруг
Алиша тврди дека со Свиз била после неговиот развод.
Алиша Киз стекна углед како талентирана пејачка и нејзините обожаватели беа шокирани кога во јавноста се појави дека го „украла“ мажот, на друга жена.
Алиша и Свиз Биц тврдеа дека неговиот брак бил готов пред тоа, но оставената сопруга говореше поинаку.
Бред Пит и Џенифер Анистон беа пет години во брак
Џенифер и Бред се венчаа во 2000 година, а славниот пар се разведе пет години подоцна, откако Бред Пит ја запозна Анџелина Џоли на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година. Иако Анистон продолжи понатаму со животот и кариерата, бројни магазини се уште заработуваат пари поврзувајќи ја со нејзиниот поранешен и неговата сопруга Џоли.
Врската на Вуди Ален и Сун – Ји
Вуди Ален бил со ќерката на некогашната девојка.
Во текот на врската меѓу Мие Фароу и Вуди Ален, тој се однесувал како татко на нејзиното дете. Парот раскина во 1992 година, откако Миа нашла докази дека нејзиниот партнер имал врска со нејзината посвоена ќерка Сан – Ји. Овој скандал ја шокираше јавноста, а за истиот не престанува да се пишува и денес.
Тој неодамна беше обвинет дека ја злоставувал сексуално својата посвоена ќерка, додека била дете.