Лошите страни на хороскопските знаци

popara26 февруари, 20141min00
9

Овен

Претставниците на овој знак претеруваат во своето настојување секогаш да бидат главни во сè. Често си дозволуваат повеќе партнери истовремено, а за нив интересни се „неосвоените територии“  и секогаш ги привлекуваат оние кои не ги сакаат.

Тие се секс машини за кои љубовта не е многу важна. Често се невидени егоисти кои се грижат само за себеси. Жените се како мажи, без нежност.

Бик

Тие се прилично тивки и досадни ликови, за кој најважна работа во животот е полниот паричник. Тврдоглво одат со „глава во ѕид“. Тие се полни со енергија, а кога некој ќе ги навреди се однесуваат како налутени бикови кои туркаат сè пред себе.

Близнаци

тие се патолошки лажговци кои не ги  лажат само другите, туку и себеси. Често изневеруваат бидејќи за нив квантитетот е поважен од квалитетот. Обожаваат да озборуваат и трачарат, а кога ги читаат весниците најзаинтересирани се за жолтиот печат.

Мажите близнаци ќе ви кажат такви бајки во кои сигурно ќе победувате, а жените ги постигнуваат нештата со насмевката и приказните и често го говорат тоа што другите сакаат да го слушнат.

Рак

Раковите се многу посесивни и често се навредуваат и од начинот на кој ќе ги погледнете, од тонот кој го употребувате, а особено од зборовите кои ги користите. Тие го менуваат расположението 10 пати на ден.

Кога раковите имаат намера да освојат одредена личност, плетат пајакова мрежа околу него, но никогаш директно не го покажуваат тоа.

Лав

Лавовите се арогантни и полни со себе. Себеси се доживуваат како кралеви, а останатите ги третираат како свои поданици. Кога зборуваат за љубовта, ги драматизираат емоциите за да можат другата страна да ја уверат и во нештата кои не постојат.

Тие се често вообразени, сметаат дека никој не е на нивното ниво и затоа се прилично напорни. Секогаш мораат да бидат облечени во брендирана облека, со која се обидуваат да ја покажат својата вредност пред останатите. Не поднесуваат критики, а толку се мрзеливи што би живееле со своите родители до крајот на животот.

Девица

Тие се хипохондрици кои се плашат од бактерии и вируси. Полни се со стрес , кој го ослободуваат со чистење на домот и посветување на работата.

Кога сте со нив ви изгледа дека имаат премногу барања, бидејќи за нив се важни деталите и секогаш се однесуваат како да бараат „влакно во јајцето“.

Мажите се посветени на работата, а нивните емоции се на последно место. Тие се неромантични и сметаат дека единственото задоволство во животот е работата. Жените се опседнати со хигиена, здравје, но и своите маани и недостатоци. Таа нема нежност и топлина, бидејќи го користат умот, а не емоциите.

Вага

Вагите  се нарцисоидни, а нивниот најдобар пријател е огледалото. Тие се ужасно неодлучни, никогаш не знаат што е вистинското нешто и што да направат па често очекуваат другите да донесат одлука за нив. Мажите се големи заводници, а сета нивна љубов се сведува на флертот. Жените секогаш се однесуваат како да се многу фини, иако во суштина тоа не е така.

Скорпија

Тие се и деструктивни и автодеструктивни и често на сите настојуваат да им покажат како се поголеми од животот. Често ова сакаат да го докажат преки опасните спортови, пороците и лудото возење. На тој начин, уживаат во адреналинот.

Мажите се опседнати со сексот , додека пак жените скорпии се многу одмаздољубиви.

Стрелец

Стрелците сакаат големи нешта во животот. Тие често се склони кон коцкање и уништување на домот. Вистински снобови се, но немаат смисла за економија.

Мажите го мразат бракот бидејќи мразат навики,  жените ја сакаат слободата и ретко се вистински посветени на домот и семејството.

Јарец

Јарците веруваат во судбина, тивки се и никогаш не се отвораат дури ни на најблиските. Емоциите не им се најсилна страна, па често за нив другите веруваат дека имаат камено срце, бидејќи ниту се романтични ниту пак знаат како да ги покажат емоциите.

За јарците најважен е општествениот статус , а често знаат да го занемарат и семејството поеади својата положба.  Мажите се амбициозни и вистински диктатори, а жените се сметаат за мрачни и фригидни, кои не знаат за топла прегратка.

Водолија

Водолиите се неприлагодливи ексцентрици, неконвенционални , а често и перверзни. Тие  го сакаат сето она што е откачено и општествено неприфатливо. Не се во состојба да сакаат една личност, туку повеќе личности.

И мажите и жените често се привлечени од непредвидливи типови, но ако сфатат дека тие немаат што да понудат, се губат од нивниот живот без трага.

Риби

Рибите се самосожалуваат себеси и вечно плачат над својата судбина. Тие се прилично пасивни и често живеат „како што ги носи водата“. Не можат да  живеат без туѓата помош , а многу често се занимаваат со туѓите проблеми.

Можат да поминат часови седејќи во самотија, наместо да преземат било што. За нив љубовта е како тајна и често нешто кријат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag