Луѓето кои од Facebook станаа миљардери!

popara20 февруари, 20141min00
edniot-odbien-od-facebook-drugiot-zhiveel-od-socijalna-pomosh-172592

Јан Ком, ко-основачот и директор на WhatsApp ќе стане дел од Facebook како еден од извршните директори и ќе биде член на управниот одбор. WhatsApp во моментот има повеќе од 400 милиони активни корисници.

edniot-odbien-od-facebook-drugiot-zhiveel-od-socijalna-pomosh-172591

 

„WhatsApp е на пат да поврзе милијарда луѓе. Апликациите кои ќе го постигнат тоа имаат неверојатна вредност” – ја објасни Марк Закерберг оваа голема инвестиција.

„Го познавам Јан долго време и многу сум возбуден што ќе работиме заедно за да го направиме светот поотворен и подобро поврзан” – додаде основачот на Facebook.

WhatsApp Messenger е мобилна апликација за праќање пораки која функционира на сите најголеми мобилни платформи и им овозможува на корисниците да праќаат бесплатни пораки.

Колку за споредба Facebook во 2012 година го купи Instagram за милијарда долари.

Јан Ком (37) е роден во Украина, но со своето семејство се преселил во САД кога тој имал 16 години. Животот баш и не им бил лесен, бидејќи живееле од социјална помош, а храната ја купувале со бонови кои ги добивале од државата, пишува Business Insider. Интересно, храната ја купувале од продавница која се наоѓа на неколку улици оддалеченост, од местото каде што сега се наоѓаат канцелариите на WhatsApp.

Уделот на Ком во компанијата изнесува 45%, што според проценката на Forbes ќе му донесе богатство од 6,8 милијарди долари, додека пак другиот основач Брајан Актон кој има удел од нешто повеќе од 20% ќе стане побогат за над три милијарди долари. Инаку, Актон во 2009-та година аплицирал за работа во Facebook, но не го примиле.

edniot-odbien-od-facebook-drugiot-zhiveel-od-socijalna-pomosh-172593

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag