
Во анкетата учествувале повеќе од 2.000 луѓе, а 46 проценти од нив сметаат дека технологијата пребргу напредува, додека 33 веруваат дека роботите ќе ги загрозат и преземат работните места на војниците, полицајците и професорите.
Сепак најмногу внимание предизвика делот за сексот со роботи.
Еден од испитаниците вели дека луѓето денеска повеќе би имале секс со нешто што ќе даде предвидливи резултати, иако тоа ја намалува возбудата што ја носи неизвесноста.
Голем број од испитаниците рекле дека прифаќаат секс со роботи, а високи 46 проценти велат дека воопшто не би ги осудувале луѓето што би практикувале таков сексуален живот.
Каков е вашиот став по ова прашање и дали би биле интимни со сексбот.