„Dhevatara Beach Hotel“ се наоѓа на вториот по големина сејшелски остров Праслин, на еден час возење со траект од Махе или на пет минути возење од аеродромот.
Луксузот е тоа на што ќе наидете во овој хотел, место на вистинска слобода и убавина. Со оглед на тоа дека се состои од само 10 апартмани, можете и сами да заклучите дека не се работи само за простор, туку за чист стил и елеганција.
На овој остров покрај прекрасните песочни плажи ќе ги сретнете и ендемските видови на сејшелските црни папагали. Во овој хотел ќе наидете на исклучително љубезен персонал кој ќе ги задоволи сите ваши потреби, ќе бидете сместени во врвен апартман, ќе ја вкусите прекрасната локална кујна и можете да се опуштите во различните активности кои ги нуди програмата.
Уживајте во ексклузивните прекрасно уредените апартмани, уживајте во локалните островски ресторани, и задолжително посетете ги спа центрите.