Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Мајкл Џордан, на 50 години стана татко по четврт пат.
Неговата сопруга Ивет Џордан ги роди близначките Викторија и Исабел, во Вест Палм Бич болницата.
Од својот прв брак со Хуанита Ваној, Џордан има три деца, 25-годишниот син Џефри Мајкл, 22-годишниот Маркус и 20-годишната Џасмин.
„Мајката и бебињата се во добра здравствена состојба, а таткото е многу среќен”, истакна портпаролката на Мајкл Џордан.