Манчевски со свои културни денови во САД!

popara19 март, 20141min00
10886mala

Настанот започна почетокот на март и вклучува прикажувања на неговите филмови „Прашина”, „Мајки” и „Пред дождот”.

По гледање на филмовите учествуваа во отворено интервју со Манчевски, каде тој зборува за своите дела.
„Денови на Манчевски” е настан поддржан од Одделот за модерна култура и медиуми, Малколм С. Форбс Центарот за култура и медиуми, Одделот за славистика и Канцеларијата на Деканот на Колеџот, Асоцијацијата на централно и источно-европски студенти и Меѓународната организација при Универзитетот Браун.

Филмовите на Манчевски се од интерес не само за љубителите на кинематографијата, но и за студенти и академици од различни дисциплини. „Пред дождот”, неговиот прв филм, по својата премиера во 1994 година освои над 30 меѓународни награди, меѓу кои Златен Лав и номинација за Оскар. „Прашина”, премиерно го отвори Меѓународниот филмски фестивал во Венеција во 2001 година, додека во 2010 година се одржа премиерата на „Мајки” на Берлинскиот филмски фестивал Берлинале.

Сите филмови на Манчевски имаат освоено награди, а се прикажани на повеќе од 200 филмски фестивали низ светот. За „Пред дождот” и за „Прашина” се одржани меѓународни академски конференции, едната во Фиренца, а другата во Лајпциг. За сите негови филмови се пишувани бројни научни трудови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma