Дали знаете дека во минатото младенците пиеле вино и конзумирале мед секој ден во текот на првиот месец од бракот, за да имаат постојана сексуална моќ ? Најефикасен е природниот мед од пчелите кои собираат нектар од цвеќињата . Најсилните афродизијаци се јасмин и орхидеи . Се верува дека тие биле омилени на грчката божица на љубовта Афродита. Од антиката се смета дека пчелниот полен има благотворно влијание врз либидото. Самиот мед поради својот вкус и хранливи квалитети е еден од највредните прехранбени производи уште од минатото. Тој го намалува мускулниот замор, а гликозата во него се апсорбира од организмот многу побрзо од шеќерот. Затоа е одличен избор ако имате потреба од енергија, на пример пред секс, советуваат експертите.