Mercedes-Benz “G-Code” концепт

popara4 ноември, 20141min00
Mercedes-Benz Research & Development China, Mercedes-Benz G-Code
Mercedes го претстави новиот концепт за компактен кросовер модел под името “G-Code” кој не само што е визуелно атрактивен, туку нуди и револуционерен систем на хибриден погон, комбинирајќи ги водородот и електричната енергија.

И германската компанија Mercedes-Benz се одлучи да се впушти во борба во еден од најконкурентите сегменти во овој момент – класата на компактни кросовер модели, претставувајќи нов концепт под името Vision G-Code. Овој модел би требало да му биде главен конкурент на идниот Audi Q1, но и на BMW X2 моделот.


Концептот G-Code го карактеризираат флуидни линии и модерен дизајн, кој многумина ги потсетува на прототип моделот ML Coupe, секако, со намалени димензии. Интересно е и решението за маската на ладилникот, која се наоѓа зад две хоризонтални решетки на кои е поставено и логото нa Mercedes, со оглед на фактот дека се работи за дисплеј, чија боја се менува во зависност од тоа како се вози автомобилот – пулсирајќи сино додека стои, прикажувајќи сини ѕвезди кои се движат кога G-Code е во движење, до црвени ѕвезди кога автомобилот се движи побрзо, односно е во Hybrid Sport мод на работа.

Mercedes G-Code е долг се’ на се’ 4.1 метар, што е покусо од Škoda Yeti на пример, додека во пропорциите потсетува на Nissan Juke кој е и понатаму лидер на пазарот во оваа класа. Во кабината има место за четири возрасни луѓе, а како што може да се види, концептот засега нема таканаречени B-столбови, со што е олеснето влегувањето на патниците на задната клупа.

Засега нема други подетални информации за погонскиот систем на возилото, но најавено е дека автомобилот ќе биде хибрид со горивни ќелии (водород), со три режими на работа – потполно електричен Hybrid eDrive, водородно-електричен Hybrid Eco, како и најмоќниот мод Hybrid Sport.

Според потребите, погонот ќе биде на предните тркала во случај на работа само на SUS моторот, на задните тркала ако се користи електрична енергија, или на сите четири тркала кога се ангажирани и двата вида на погон.

G-Code концептот е инаку дело на дизајнерското студио на Mercedes во Пекинг, а според најавите, Кина е еден од првите пазари каде сериската верзија на овој автомобил најпрво би можела да се пласира, можеби почнувајќи веќе од 2016-тата година, додека набрзо би бил понуден и на европските купувачи, некаде до 2017-тата година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma