Бившата сопруга на снајперист и припадник на специјаните британски единици САС, се плаши за својот живот и тврди дека и било платено за да молчи за деталите околу убиството на Дајана и фактот дека принцезата е убиена од страна на припадниците на оваа елитна единица.
Жената чие име од разбирливи причини се чува во тајност, изјавила дека офицер на САС и дал коверт со половина милион фунти со цел да ја држи устата затворена.
Офицерот на САС ја предупредил дека ќе биде мртва доколку открие докази кои ќе го поткрепат сведочењето на нејзиниот бивш сопруг пред воениот суд.
“Заканувањето од страна на САС направи уште повеќе да верувам дека Дајана е убиена. Сакаа да молчам за операциите на САС. Сепак, не можев да издржам и да не ја откријам вистината за нешто толку сериозно. Самата исплата е доволен доказ. Се чувствувам многу непријатно“, изјавила жената.
“Сето тоа ме наведе да верувам во теоријата на мојот бивш сопруг кој тврдеше дека членови на САС впериле рефлектор во очите на шоферот на автомобилот во кој се наоѓала Дајана, додека автомобилот поминувал со голема брзина во тунелот каде и настрадала. Мојот сопруг рече дека после несреќата еден војник истрчал до колата за да види колку е Дајана повредена, а потоа им дал сигнал на колегите дека мисијата е успешно завршена“.