Милионерката Сузан Бојл аплицирала за работа во кладилница

popara30 јануари, 201418min00
Susan_Boyle_duecie_fot_6231453

Британската пејачка Сузан Бојл можеби е милионерка, но тоа не ја спречило да се пријави за работа на која би заработувала 7 евра на час.

Како што пишуваат британските медиуми, Бојл се пријавила за работа на која би работела за минимална плата од 7 евра на час, а се работи за конкурс за работа која ја прочитала на прозорецот на локалната кладилница во Блекбурн, Шкотска, каде што живее и денес.

Пејачката потоа отишла на состанок во кладилницата и разговарала пет минути со заменик менацерот Дејвид Кор.

Тој за новинарите изјавил дека сите биле во шок кога Сузан се појавила во кладилницата барајќи работа на благајната со скратено работно време.

Иако нејзините фанови се изненадени од овој потег, жителите од нејзиниот крај објаснуваат дека за неа е важно да има работа која ќе и помогне да се интегрира во локалната заедница.

Оваа работа, како што велат, не и е потребна за пари, туку и одговара фактот дека кладилницата се наоѓа во близина на нејзината куќа, а на тој начин ќе биде во постојан контакт со луѓето, пренесува Daily Mail. Богатството на пејачката се проценува на 25 милиони евра.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag