Минус килограми со вистинскиот моден избор

popara4 септември, 201424min00
5

Модата е магија, а магијата се состои од илузии. Вистинскиот моден избор може инстантно да го подобри целосниот изглед и да го сокрие вишокот килограми кој ја разнишува женската самодоверба.

Визуелно избришете ги неколкуте килограми кои ве измачуваат со помош на следниве совети:

  1. Заљубете се во „V“ деколте. Острото деколте кое ја краде формата на обратен триаголник го издолжува торзото, притоа бришејќи килограми од вашиот изглед. Купувајте кошули, блузи и џемпери со „V“ деколте и избегнувајте облека со заоблен изрез околу вратот.
  2. Прескокнете ги чевлите со ремче на глуждовите и ниските чизмички. Обувките тип „Мери Џејн“ и сандалите со ремче на глуждовите ги прават нозете пократки и до израз доаѓаат позаоблените „листови“ и бутови. Поради истата причина, препорачливо е да не носите чизмички кои завршуваат под или на глуждовите.
  3. Избирајте облека со „ситен“ принт. Крупните цветови, точки или геометриски форми ја акцентираат заобленоста на фигурата. Од друга страна, ситните и „збиени“ шарки го одвлекуваат погледот од проблематичните области.
  4. Стојте подалеку од сатенот и светкавата облека. Сатенот ќе го истакне секој недостаток на телото и ќе придонесе да изгледате поголеми отколку што навистина сте. За разлика од него, „матираните“ материјали ја апсорбираат светлината и ви подаруваат ослабнувачки ефект. Доколку сакате погламурозен изглед, најбезбедно е да го постигнете со светкави и блескави модни додатоци.
  5. Носете долг ѓердан за да го одвлечете вниманието од подбрадокот. Ако двојната брадичка ви ја намалува самодовербата, избегнувајте ги кратките ѓердани. Тие го насочуваат вниманието директно кон вашиот подбрадок. Наместо тоа, преферирајте ги долгите ѓердани, кои освен што ќе ги тргнат погледите од вашата брада, ќе ја издолжат и вашата силуета.

За крај, не може да не се спомене дека црната боја има најголема моќ кога станува збор за постигнување на послаб изглед, високите потпетици се најголем сојузник за повитка фигура, а правилното држење на телото е задолжително за привлечна силуета.

 

bez-greska-boi-koi-dobro-im-stojat-na-site-zeni-1

bez-greska-boi-koi-dobro-im-stojat-na-site-zeni-2

bez-greska-boi-koi-dobro-im-stojat-na-site-zeni-3

bez-greska-boi-koi-dobro-im-stojat-na-site-zeni-4

08.sophie-beresiner-wew-200514-84_TA

Ако е лятна пола, нека да е мини!

Ако е лятна пола, нека да е мини!

Ако е лятна пола, нека да е мини!

Ако е лятна пола, нека да е мини!

Predivne kratke proljetne haljine 1Predivne kratke proljetne haljine 2

Пролетни тенденции: Очарователни визии с жълти обувки

Пролетни тенденции: Очарователни визии с жълти обувки

Пролетни тенденции: Очарователни визии с жълти обувки

Пролетни тенденции: Очарователни визии с жълти обувки

Пролетни тенденции: Очарователни визии с жълти обувки

Пролетни тенденции: Очарователни визии с жълти обувки

Пролетни тенденции: Очарователни визии с жълти обувки

Пролетни тенденции: Очарователни визии с жълти обувки

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag