
Како што самата раскажува Французинката, минатиов вторник, таа заедно со сопругот и 15-годишниот син шетале во близина на Централната станица во Њујорк, кога забележале човек како пребарува по кантите со ѓубре, облечен како бездомник. Трогната од тој призор, таа му пришла и му го понудила парчето пица што и останало по посетата на италијанскиот ресторан „Little Italy”.
„Тој запраша: ‘Што има во кутијата?’ Се обидов да му одговорам на англиски, но се покажа дека половина од реченицата ја кажав на француски. Реков „Простете, но пицата е остината’. Тој одговори ‘Ви благодарам многу, да ве чува Бог'”, раскажала Гомбо.
Французинката всушност не знаела на кого налетала на њујоршките улици сé додека два дена подоцна консиержот на хотелот „Salisbury Hotel” во кој отседнало нејзиното семејство не и ја покажал фотографијата објавена во The New York Post на која таа била снимена со Ричард Гир.
„Тоа е чудесно. Оваа приказна е луда. Едноставно незамисливо е дека тоа можеше да се случи”, вели за весникот, додавајќи дека го смета Гир за атрактивен маж и покрај неговата возраст.
Французинката и нејзиното семејство случајно влетале на сетот на снимањето на филмот „Time Out of Mind” во кој Гир настапува во една од главните улоги, глумејќи бездомник.
