Далечната 1938 година Перуанка влетала во болница и го замолила докторот од нејзината ќерка да ги извади сите демони и лоши духови. Никој неможел ни да претпостави дека петгодишното девојче во стомакот нси бебе. Лина Медина е најмладата мајка во историјата.
Таа станала мајка на свои 5 години 7 месеци и 17 дена.
Нејзиниот син Хераардо Медина живеел 40 години, починал 1979 година од болест на коскената срж. Откако наполнил 10 години дознал дека Лина му е мајка , а не сестра.
Лина првата менструација ја добила во осмиот месец од нејзиниот живот, а нејзиното полово созревање се одвивали многу брзо. Со 4 години веќе имала исформирани гради, а на 5 коски као тинејџерка.
Името на таткото на нејзиното дете и околностите под кои останала трудна никогаш не ги открила. Нејзиниот татко е уапсен поради сомнеж дека сексуално ја злоупотребувал, но подоцна е ослободен поради недостаток на докази. Медина на 17 години се омажила за Раул Хурада со кој добила уште еден син.
Таа со децении одбива да разговара со љубопитните новинари. Лина Медина денеска има 80 години.