Денес, секој што ќе го прашате, кој барем основно може да се служи со компјутер и интернет, ќе ви рече дека знае да пребарува преку Google. Веруваме дека е така. Но, колку од вас знаат некои мали корисни трикови за таа претрага да биде поинтересна, полесна и понапредна? Ние ви претставуваме неколку трикови за пребарување на Google со цел полесно да ја најдете информацијата која ја барате.
КОРИСТЕТЕ НАВОДНИЦИ
Ова е добро познат и едноставен трик. Ако барате одредена фраза, впишете ја во Google со знаците за наводници. Ова особено ќе ви користи кога сакате да ги видите сите резултати од претрагата кои ја содржат идентичната фраза која ја барате. Значи, ако барате специфична фраза во која ви е важен одреден редослед на зборовите во неа, задолжително кога пребарувате ставајте наводници.
КОРИСТЕТЕ ГО ЗНАКОТ *
Овој начин на пребарување е помалку познат. Имено, кога на пример сакате да пронајдете некоја песна, а не можете да се сетите на целиот стих – ви недостасува некој збор – тогаш тука се појавува ѕвездичката (*). Така, Google ќе го побара зборот кој недостасува. Напишете, на пример, „with a little * from my friends” (без наводниците).
КОРИСТЕТЕ ГО ЗНАКОТ –
Многу корисен начин на пребарување кога под еден поим кој го барате, ги добивате и резултатите кои не ги сакате. На пример, ве интересира Јагуар, но не сакате да ви покажува модели на автомобили. Тогаш едноставно напишете „jaguar – car” (без наводниците).
ПРЕБАРАЈТЕ ОДРЕДЕНИ САЈТОВИ ПО КЛУЧНИ ЗБОРОВИ
Сакате, на пример, на сајтот Times.com да пребарате се` за Барак Обама или Владимир Путин. Тогаш, едноставно впишете „Vladimir Putin site: Time.com” (без наводниците).
КОРИСТЕТЕ „VS”
Не можете да се одлучите што да подготвите за вечера – хамбургер или пица? Едноставно напишете „burger vs. pizza” и ќе добиете детална анализа, од калории до нутрицистички вредности.
ПРЕБАРУВАЈТЕ ФОТОГРАФИИ
Сигурно ви се случувало некогаш да налетате на фотографија која ви е позната од некаде. Или едноставно сакате да знаете од каде „доаѓа“ некоја фотографија. Зачувајте ја фотографијата на вашиот компјутер. Потоа, влезете на Google Images (ќе видите мал знак во облик на фотоапарат) и тука аплаудирајте ја фотографијата која претходно сте ја сочувале.