Освен што излегува на море, за оваа пустина се смета дека е најстара пустина во светот, а нејзината неплодност предизвикува остар сув воздух кого го разладува ладното струење кое тече долж крајбрежјето.
Пустината има помалку од 10 mm дожд на годишно ниво и речиси во потполност е неплодна.
Иако оваа пустина е речиси ненаселена и непристапна, постојат повремени населби во Сесрием, во близина на познатитот Сосусвла, како и големи групи песочни дини, кои се со висина и до 340 метра и кои воедно претставуваат најголеми песочни дини во светот.
“Морската пустина” Намиб е дом на голем број необични ендемски видови на растенија и животни (без’рбетници, влечуги и цицачи), за кои буквално може да се каже дека живеат од магла, бидејќи токму таа е единствениот извор на вода.
Пустината Намиб е ставена и на листата на УНЕСКО на светското културно наследство во Африка во 2013-тата година како “единствена приморска пустина во светот, каде на пространите песочни полиња од дини дејствува магла”.
Колку оваа пустина изгледа навистина неверојатно и оддава впечаток како да гледате некоја друга планета, а не Земјата, откако ќе го погледнете овој видео запис ќе се уверите и самите: