
Состојки:
● 500 г. шампињони
● 2 главици кромид
● 100 г. сланина
● 2 чешниња лук
● 1 тост леб
● 4 дл. млеко
● 2 дл. павлака
● 3 јајца
● 2 пакувања тост кашкавал
● ½ врзоп магдонос
● 0,5 дл. масло
● Мешан зачин
Подготовка:
● Шампињоните исечете ги на листови, сланината на тенки ленти, а кромидот, лукот и магдоносот ситно исецкајте ги.
● Во тава на оган ставете малку масло да се загрее, а потоа во него додајте ја сланината, лукот и кромидот. Кога ќе омекне кромидот додајте ги шампињоните. Динстајте додека шампињоните да омекнат, а пред крај на готвењето додајте го магдоносот и зачинете по вкус.
● Кришките тост леб потопете ги во млеко.Огноотпорниот сад за печење премачкајте го со масло, а на дното наредете кришки од лебот. Врз нив нанесете од филот со шампињони, а врз шампињоните наредете ги парчињата кашкавал. Врз кашкавалот повторно наредете кришки леб и повторете ја целата постапка. На крај треба да завршите со слој од кришки леб.
● Остатокот од млекото изматете го со јајцата и павлаката, и со оваа смеса прелијте ја мусаката.
● Печете на 180 степени додека не порумени.