На Марк Зукенберг ќе му се суди во Иран?

popara29 мај, 20141min00
mark

Како што јавува агенцијата, Рухолах Момен Насаб, еден од лидерите на парамилитарната организација Басиџ тврди дека судијата наложил и блокада на споменатите апликации кои се во сопственост на Facebook, пренесува Telegraph.

Многу е мала веројатноста Зукерберг да се појави пред иранскиот суд, со оглед на тоа што не постои договор за екстрадиција меѓу Иран и САД. Некои ирански судови во изминатите години имаат издадено слични налози што не може да се извршат.

 Друг ирански судија, пак, минатата недела наложи блокирање на Instagram поради нарушување на приватноста. Корисниците во Техеран, меѓутоа, сé уште имаат пристап на Instagram и WhatsApp.

 Во Иран повеќе пати до сега се случувало да биде прогласено блокирање на некои сајтови и Интернет апликации, а тие сепак, остануваат оперативни. Во оваа земја се забранети Facebook, Twitter и YouTube, но некои високи државници, како што е министерот за надворешни работи Џавад Зариф, се активни на Twitter, додека иранската младина и одредени поединци користат посреднички сервери или други средства за да ја заобиколат контролата.

 Администрацијата на умерениот ирански претседател Хасан Рохани е против укинувањето на сајтови и апликации пред да бидат креирани локални алтернативи за нив.