
Колкави се шансите да ве касне отсечена глава од кобра додека од нејзиното тело подготвувате вечера? Токму тоа му се случило на готвачот Пенг Фан додека го подготвувал егзотичното јадење кое последниве години ретко се подготвува во азиските домови.
Фан подготовката за специјалитетот ја започнал како и обично – на кобрата едноставно и ја отсекол главата. Но кога после 20 минути решил да ја фрли во канта за ѓубре, таа го каснала и го испуштила својот јак отров.
Пенг починал пред да стигне во болница.
Експертите тврдат дека сите рептили можат да функционираат до еден час откако ќе изгубат дел од телото, или дури, како во овој случај, цело тело.
httpv://www.youtube.com/watch?v=SAQPZaFH3QY
httpv://www.youtube.com/watch?v=hG5SSX5kcMY