Форбс неодамна ја објави листата на најбогатите шефови на подземјето, а она што е интересно е тоа што осомничениот за трговија со кокаин Шариќ се најде на петто место во светот!
Зад него, на десето место се наоѓа албанскиот бос од Македонија Даут Кадриовски кој падна за една позиција во однос на минатата година.
Неговиот сонародник од Косово, Насер Кељменди е дисквалификуван после апсењето, а пред да го исклучат од листата најбогати нарко босови бил на 17 место.
На прво место е сеуште неприкосновениот лидер на руската мафија Семјон Могилевиќ за кој се проценува дека располага со 54 милиарди долари. Следи сицилијанскиот кум на Коза Ностра Матео Месина Денаро познат како Дијаболик со имот од 48 милиарди.
На трето место е кинеско-тајванскиот Бел Волк, Чанг Ан-Ло со 42 милиарди долари.
Следен е Хоакин Гузман наречен Ел Чапо, мексички шеф на картелот Синалоа тежок 35 милиарди долари. На петто место е Шариќ со 27 милиарди долари.