Најдобрата домашна метода за природен лифтинг и совршен сјај

popara21 март, 20141min00
12

Многу пати сме се увериле дека цената на брендираната козметика не е мерило за квалитет. Пробајте ја оваа маска наменета за уморна кожа и ќе се уверите дека природните намирници се далеку поефикасни од луксузните козметички препарати.

Најдобрата домашна маска за природен лифтинг и совршен сјај на вашата уморна кожа. Подготовката е многу едноставна и нема да ви одземе многу време, а ефектот е видлив уште при првиот третман.

Подготовка:

Добро изматете белка од јајце, нанесете ја на лицето и нека делува петнаесетина минути, а потоа измијте го со млака вода и лицето намачкајте го со хидратантна крема. Ефектите од овој третман се видливи по два часа по миењето, но ако ова го повторувате неколку пати неделно, резултатите ќе бидат трајни.