Најдобрите ски центри во светот

popara21 февруари, 20145min00
20

За оние кои уживаат во снежното време, лудите зимски игри и авантури, ви ги претставуваме 10-те најдобри ски центри.

1. Вистлер Блакомб, Британска Колумбија

Најголемиот ски центар во светот, најдобар во Северна Америка, најомилена дестинација на Јапонците и уште многу други епитети може да се припишат на овој прекрасен ски центар.
Вистлер исто така нуди голем број: кафулиња, меѓународни продавници, над 100 ресторани, меѓу кои и кинески, француски, грчки, италијански, медитерански, мексикански и тајландски.

 

2. Китцбухел, Австрија

Китцбухел кој се смета за „Бисер на Алпите“, за прв пат беше отворен во зимата 1892 година, во 1964 и 1976 година беше домаќин на Зимските Олимписки игри, а денес е најпознатиот ски центар во Австрија. Притоа градот Инсбрук е еден од најубавите градови во Европа.

 

3. Зермат, Швајцарија

Зермат нуди неверојатно мирен одмор и прекрасна живописна природа. Силните снежни врнежи поради големата надморска височина и втората по големина жичара во светот го прават поинаков од останатите.

 

4. Ваил, Колорадо

Ваил е еден од најголемите ски-центри во САД со површина од околу 5.300 хектари. Покрај ски терените нуди и: уметнички галерии, музеи, уметничко лизгање, хокеј и уште многу други занимливи понуди.

 

5. Банф, Езерото Луис, Алберта

Сместен во срцето на Канада, националниот парк Банф е еден од најпознатите ски центри во Северна Америка со три најразлични области: планината Норкуај со Мистичниот гребен, Сончевото село и Езерото Луис.

6. Шамони-Монт-Бланк, Франција

Овој ски центар е еден од најпознатите во светот, кој воедно е првиот домаќин на светските Зимски Олимписки игри во далечната 1924 година. Шамони-Монт-Бланк се наоѓа во подножјето на највисокиот врв на Алпите, Монт Бланк. Vallée Blanche е една од најдолгите патеки во светот.

 

7. Стоув, Вермонт

Еден од најпознатите и најживописните ски центри, Стоув, се карактеризира со традиционалниот англиски шарм и најголем вертикален пад во оваа област. Стоув нуди повеќе од 60 продавници и 90 ресторани, како и жичара која води до други ски центри кои се во негова близина, со што ретко кој може да се пофали.

 

8. Монт-Трембланд, Квебек

Француско-канадскиот ски центар Монт-Трембланд е вистински рај. Тоа е најпознатиот ски центар во Источна Канада, прв кој се отвори во Канада, а втор во Северна Америка. Тоа што го прави посебен Монт-Тремблант е и близината до Монтреал, на само 1 час оддалеченост.

 

9. Кортина, Италија

Градот домаќин на Олиписките игри во далечната 1956 година е еден од првите ски центри во светот.

 

10. Аспен Колорадо

Аспен е познат по своите стрмнини и четирите планини кои не се поврзани меѓу себе. Овој ски центар располага со одличен терен за сите нивоа скијање.

Дозволете си незаборавен зимски одмор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag