MarkO е вашето ново пријателче кое ќе Ви овозможи да ги комплетирате вашите секојдневни задачи на вистинската локација и во вистинско време!
Имено, македонското студио за развој на мобилни апликации, Codewell Unlimited работи на својот нов проект MarkO – Your smart task buddy that rocks.
MarkO не е само обична мобилна апликација за комплетирање на секојдневните задачи, МаркО е Ваше интелегентно пријателче кое ќе ви нуди паметни предлози за локацијата на која што сакате да ја завршите вашата задача.
Следниот пат кога ќе сакате да купите млеко, МаркО ќе ве потсети да го направите тоа, на начин што ќе ви испрати известување кога ќе поминете во близина на било која продавница од која што можете да го купите млекото.
Секако, доколку сакате ќе можете и да вметнете конкретна продавница.Оваа недела беше пуштена првата Бета верзија на МаркО, за која што сите заинтересирани може да се пријават на веб-страницата на МаркО и да ја тестираат апликацијата.
Бидете меѓу првите пријатели на МаркО, кои ќе му помогнат на тимот да ја изработи најдобрата мобилна апликација за комплетирање на секојдневните задачи.
Во моментов се изработува Андроид верзија на апликацијата која се очекува да биде реализирана до крајот на октомври. Во понатамошниот период ќе бидат изработени и верзии за iOS, Wearables и Google Glass.
За потребите на МаркО се работеше и на неговото второ кратко промо видео , во кое што главни актери се: Слаѓана Вујошевиќ и Филип Трајковиќ.