Најлошите и најнездравите намирници се оние кои најчесто ги јадеме. Ама ако сакате да ослабнете и да останете здрави треба да ги избегнувате. Овие 5 намирници треба да ги исфрлите од исхраната или да ги конзумирате што поретко.
1) ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО
Месните преработки како хот дог и салами, полни се со калории, масти и нитрати. Ако ги јадете редовно (неколку пати неделно) ги зголемувате шансите да се здебелите, да заболите од дијабетис, срцеви болести и рак.
2) ГАЗИРАНИ СОКОВИ И БЛАГИ ПИЈАЛОЦИ
Ако сакате да ослабнете, газираните пијалоци се првата работа што докторот ќе ви ја забрани. Ама газираните пијалоци не влијаат само на дебелината. Тие се поврзуваат и со оштетување на бубрезите, висок крвен притисок и рак.
3) ХРАНА СО „НИСКА“ МАСЛЕНОСТ
Години наназад полиците во маркетите се преполни со производи на кои пишува „ниска масленост“, а сепак има се повеќе дебели луѓе. Како е тоа можно? Овие нискомасни производи се полни со транс-масти, кои се лоши за срцето и нивото на холестерол, а за да бидат вкусни, полни се со шеќер.
4) МАЈОНЕЗ
Скоро сите знаат дека мајонезот не е здрав ама можеби незнаат колку не е здрав. Само една лажица мајонез содржи 90 калории, 10 грама масти и 90 милиграми натриум. Ако баш сакате мајонез бидете барем умерени.
5) МАРГАРИН
Маргаринот стекна популарност така што луѓето го користеа како здрава алтернатива за путерот. Ама маргаринот е преполн со хидрогенизирани масти (транс масти) за кои се знае дека придонесуваат за развој на ракот дијабетисот, болести на срцето и други заболувања.
One comment
jovanka
18 април, 2014 at 08:33
бомбардирани сме со здрава и нездрава храна. да не се јаде преработена храна, ама и зеленчукот и овошјето е со пестициди,просто да не знае што да се јаде.