Британката Џорџија Ранкин има 15 години, а е висока само 80 сантиметри. Таа боледува од ретко пореметување поради што првите три години од животот поради слаб имунитет ги поминала во болница.
Кога бев помала ми пречеше кога луѓето со чудење ме гледаа, но сега тоа го разбирам и не ми е тешко дури ни кога ми поставуваат прашања – вели Малата Џи.
Мене не ми пречи што сум мала, бидејќи во главата сум како и сите останати. Единствено што не можам да одам со другарките во шопинг зошто јас се облекувам во детски продавници – објаснува Џорџија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=BZgaTOAJAL0