Најдобарата диета која ќе би овозможи да ги изгубите килограмите на здрав начин е всушност онаа најстарата на светот. Во својата нова книга „Грчка диета“, Марија Лои и Сара Толенд откриваат неколку факти од овој начин на исхрана, кои ги потврдува и модерната наука.
Маслиново масло: Дури и миризбата помага да ослабете
Маслиновото масло содржи многу повеќе здрави влакна отколку било кој друг вид на масло. Истражувањата покажуваат дека коснумацијата на маслиново масло наместо заситени масти, ја зголемува енергијата во телото, па на тој начин ќе согорите повеќе калории дури и додека седите или спиете.
Јогурт: Вистинската бактерија за согорување на мастите
Јогуртот може да ја задоволи потребата за храна, го зголемува чувството на ситост, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го спречува прејадувањето благодарение на фактот што содржи далеку повеќе протеини од останатите намирници кои ги консумираме. Важно е да се напомене дека телото троши повеќе калории при варењето на протеините.
Исто така, јогуртот е најдобриот начин да ја внесете потребната дневна доза на пробиотици. Студиите покажале дека доколку немате соодветна количина на бактерии во стомакот, без оглед на тоа колку малку јадете, сепак нема да ослабете.
Зеленчук наместо брза храна
Доколку на вашиот организам му недостасуваат витамини, минерали и антиоксиданси, сигурно нема да се ослободи од вишокот килограми. Истражувањата покажуваат дека нутриентите од зеленчукот ја подигнуваат енергијата во организмот и го забрзуваат метаболизмот. Околу 90 проценти од зеленчукот ги сочинува водата, што ќе го спречи вашиот организам да дехидрира.
Грав: Двата вида на влакна потребни за согорување на масти во организмот
На организмот му се потребни двата вида на растителни влакна: растворливи и нерастворливи. Ниту еден друг вид на храна не ги содржи и двата вида освен гравот. Растворливите влакна создаваат чувство на ситост, додека нерастворливите ја апсорбираат водата.
Морски плодови: Го зголемуваат согорувањето на масти и го забрзуваат метаболизмот
Повеќето луѓе не внесуваат доволно омега 3 масни киселини, кои се клучни за метаболизмот, за регулирање на шеќерот во крвта и за сите други фактори кои се важни за телото да може да ги согори непотребните масни наслаги. Масните риби имаат повеќе омега 3 масни киселини, како што е лососот, но морските плодови содржат повеќе EPA/DHA омега 3 киселина, тип на најздрави масти . Доколку на вашето мени воведете риба и школки барем два пати неделно ќе го забрзате метаболизмот и ќе го спречите насобирањето на масни наслаги на стомакот.