Сочно и вкусно, здраво и без месо, ова јадење се претвора во голем ручек ако му додадете неколку шницли или парчиња печено месо..
Потребни состојки:
500гр компири
сол
тиквичка
модар патлиџан
1 црвена и 1 зелена пиперка
2 домати
главица кромид
4 лажици маслиново масло
бибер
100гр павлака
200гр крем сирење
рузмарин
Начин на подготовка:
Исчистете го компирот, исечете го на парчиња со дебелина од пола сантиметар, па гответе го во посолена вода околу 10 минути и исцедете. Измијте ги и исчистете модриот патлиџан, тиквичката, пиперките и доматите. Пиперките исечете ги на ленти. Модриот патлиџан и тиквичките на кругови, доматите на коцки. Исчистете го лукот и исецкајте го на коцки.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Компирот и останатиот зеленчук посипете го со масло и распоредете го на плех за печење. Додадете бибер и сол. Подготвениот зеленчук печете го во умерено загреана рерна околу 15 минути.
За прелив изматете павлака и крем сирење со пиперка за да добиете крем маса. Зеленчукот од рерната распоредете го на чинија која претходно треба да ја загреете. Искинете го рузмаринот и украсете го зеленчукот. Ова јадење може да го послужите со домашен леб.