Религијата и науката често немаат допирни точки, но новата фотографија на НАСА наречена “Раката на Господ“ фрла нова светлина на оваа релација. Фотографијата на космичката Господова рака е направена за време на експлозија на ѕвезда.
Некои сметаат дека “Раката на Бог“ е еден од примерите за парејдолија, психички феномен кога гледаме јасни форми во дадени ситуации, на пример гледањето на животни и лица во облаците, или човечко лице на Месечината. За едни ова е религиозен знак, за други природна астрофизичка појава, како и да е, навистина е нешто многу убаво и интересно да се види.