Програмер на Гугл одбил понуда да работи во друга компанија за годишна плата од 500 000 долари бидејќи била многу мала во споредба со трите милиони кои ги заработувал во Гугл.
Благодарение на парите со кои располага Гугл е апсолутен лидер во трката за таленти.
Платата од 3 милиони долари годишно е многу повеќе од просечната плата во Силиконската долина. Ловецот на таленти Скот Парсел вели дека годишната плата на софтверските инжињери кој ги ангажира изнесува околу 160 000 долари.
Но компанијата Гугл очигледно знае како да ги придобие и задржи талентите. Тоа е пред се заслуга на директорот Лери Пејџ кој се потрудил Гугл да биде место каде бистрите луѓе добиваат шанса да учествуваат во мошне амбициозни проекти но и да бидат богато наградени за својот труд.