Внимателно со употребата на црвеното месо, без оглед на мастите. Истражувањата велат дека во црвеното месо има состојки кои имаат поштетно дејство од маснотиите кои ги содржи. На пример, Норвежаните, кои се познати како најредовни потрошувачи на месните производи, имале најголема стапка на рак на дебело црево. Во едно четиринаесетгодишно истражување, спроведено од страна на Швеѓаните, месото (говедското и јагнешкото) претставувало единствената храна, која се поврзувала со зголемената стапка на рак на дебелото црево.
Доказите, кои најмногу ја разбрануваа јавноста доаѓаат од шестгодишно истражување од Харвард, спроведено на 90,000 жени, од страна на Училиштето за јавно здравство Харвард. Според ова истражување, кога станува збор за ракот на дебелото црево, не постои количина на месо, која би можела да биде безопасна.
Истражувачите откриле жените, кои секојдневно консумирале месо како главно јадење – околу 150 грама говедско, свинско или јагнешко месо – биле за 250 проценти поподложни на развој на ракот на дебелото црево, во споредба со оние жени, кои јаделе месо помалку од еднаш месечно. Всушност, не постои количина на црвено месо, која би можела да биде безопасна, односно неспособна да поттикне појава на рак на дебелото црево, велат податоците.