
Професорот од Пекинг, го купил токму станот во поткровјето на овој облакодер, и шест години ја градел својата приватна планина на врвот на зградата.
Жанг својот приватен рај го градел без дозвола и така ги довел во опасност животите на луѓето кои живеат во овој објект. Соседите поради големата бучава, прокиснувањата и пукањето на ѕидовите го пријавиле случајот кај надлежните, додека некои веднаш си го побарале спасот и се иселиле.

Како што се наведува во жалбата од соседите, нивните плафони веќе почнале да пукаат поради големата тежина, а се плашат и дека постои можност целата згрдата да се сруши. Одводот и цевките во овој објект се исто така оштетени.
Градската управа конечно се решила да го испита овој случај, како и безбедноста на изумот на овој професор. Ако се утврди дека е сепак небезбеден, Жанг ќе мора сепак да го сруши својот приватен рај.