Нема поголема љубов од онаа кон братот/сестрата!

popara21 февруари, 20141min00
16

Една вечер таткото и рече на мајката: „Драга, вака повеќе не може. Мислам дека стигнавме до крајот, нашиот син може да го спаси само чудо“. Сокриено во аголот на собата, малото девојче слушаше се.

Откако го слушна муабетот, девојчето ја отвори својата касичка и истрча до најблиската аптека без никој да забележи. Трпеливо чекаше да дојде на ред во аптеката, а кога дојде нејзиниот ред ги остави ситните пари пред аптекарот и му рече:

-Тоа е за мојот брат, господине, многу е болен. Дојдов да купам чудо.

-Не те разбрав најдобро, рече аптекарот.

-Брат ми се вика Андрија. Има нешто што му расте на главата. Тато вели дека е готово, дека само чудо може да го спаси. Јас многу го сакам својот брат и затоа дојдов со своите пари да купам чудо.

Аптекарот тажно и одговори: „Но, ние не продаваме чуда“.

-Ако нема доволно пари можам уште да соберам. Колку чини едно чудо, праша девојчето.

Во аптеката имаше и еден висок човек со сериозен израз на лицето, кој го следеше целиот разговор.

Додека аптекарот немоќно ги ширеше рацете, девојчето со солзи на лицето ги собираше своите парички.

Високиот човек ја запраша:

Зошто плачеш малечка, што се случило?

-Господинот аптекар не сака да ми продаде чудо и да ми каже колку чини. Тоа е за мојот брат Андрија, многу е болен. Мама вели дека мора на операција, а тато вели дека не можеме да платиме и дека само чудо може да го спаси. Затоа донесов се што имам.

-Колку имаш?

-Долар и единаесет центи… Но знаете, можам да соберам уште…

Човекот се насмевна.

-Мислам дека нема потреба. Чудото за брат ти чини еден долар и единаесет центи, рече тој.

Со едната рака ги зеде парите, а со другата рака го фати девојчето за рака.

-Однеси ме во твојот дом. Сакам да разговарам со твоите родители и да го видам брат ти. Можеби ќе успееме да најдеме чудо за твојот брат.

Тие заедно излегоа од аптеката држејќи се за рака. Тој човек всушност беше професорот Карлтон Армстронг, еден од најпознатите светски хирурзи. Го оперираше малиот Андрија, кој потполно закрепна за неколку недели.

-Оваа операција е чудо, рече мајката. Се прашувам само колку чинеше…

Девојчето се насмеа. Знаеше колку чинеше чудото. Но љубовта и вербата немаат цена…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag