Неверојатно: Кит кој го емитира човечкиот говор! (видео)

popara26 февруари, 20141min00
nauchnicite-shokirani-od-kitot-koj-zvuchi-kako-chovek-106364

Претходно делфините беа тренирани да го имитираат звукот на човековиот говор, досега не е познато дека некое друго животно започнало спонтано да го прави истото.

Меѓутоа, научниците го слушнаа белиот кит Нок како создава звуци што се за неколку октави пониски од нормалните.

nauchnicite-shokirani-od-kitot-koj-zvuchi-kako-chovek-106365

Како прво, за нив претставува мистерија на кој начин китот научил да создава вакви звуци. Иако китовите се познати како морски канаринци, бидејќи ги имитираат високите тонови, сепак досега не е забележан сличен случај за имитирање на човечкиот говор.

Научниците го снимија Нок и открија дека во просек „зборува” по три секунди, со паузи кои потсетуваат на човечкиот говор. Анализата на снимката покажува дека фреквенциите се распоредени во хармоника и дека немаат никакви сличности со огласувањето на китовите.

Исто така, научниците открија дека Нок можел многу брзо да ја менува брзината во својата носна празнина со цел да создава звуци, пренесува BBC.

„Нашето истражување покажува дека китот морал да ги модифицира вокалните механизми за да ги создаде овие звуци што наликуваат на говор. Звуците кои ние ги слушнавме се јасен доказ за вокалното учење кај овој бел кит”, вели Сем Риџвеј, претседател на Националната фондација за морски цицачи и водач на истражувањето.

Според научниците, Нок можел да го слушне човечкиот говор од нуркачите кои комуницираат со специјална опрема под водата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=14MJXC0h4TU

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag