Оваа снимка прикажува еден дел од конфликтот помеѓу специјалците „Беркут“ и демонстрантите кои прво со камења а потоа со молотови коктели ја нападнаа специјалната единица. На снимката полицајците стануваат живи факели. До специјалната единица се наоѓа и единица на пожарникари кои помагаат и ги гасат запалените специјалци.
Специјалната полициска единица „Беркут“ е основана 1992 година и служи за борба против организиран криминал. Единицата е под директна команда на Министерството за внатрешни работи на Украина и брои негде околу 4000 специјалци.
httpv://www.youtube.com/watch?v=5psCodONvkE#t=38