Нов сигнал од црната кутија MH370

popara10 април, 20141min00
detektirani-novi-signali-vo-potragata-po-mh370-179658

Шефот на здружениот координативен центар за потрага и некогашен командант на вооружените сили на Австралија, Ангус Хјустон, соопшти дека сигналот, петти од неделата, го регистрирал авион на австралиското воздухопловство, P-3C Orion, кој исфрлил десетина радио предавателни уреди во вода.

„Ќе ги провериме добиените звучни податоци во текот на денот”, рекол Хјустон и додал дека е можно сигналот да потекнува од електронска опрема.

BBC наведува дека во потрагата се вклучени 14 авиони и 13 бродови.

Првите сигнали беа детектирани во неделата на околу 2.200 километри од западниот брег на Австралија, а по два дена беа „фатени” уште два нови сигнали.

Авионот на Malaysia Airlines на 8 март полета од главниот град на Малезија, Куала Лумпур, кон Пекинг со 239 патници. На 24 март малезиската авиокомпанија соопшти дека авионот се урнал во Индискиот Океан и дека нема преживеани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma