Нови таблети и компјутери на Интел за трансформирање на учењето и предавањето

popara23 јануари, 201419min00
7

Саемот „BETT 2014“, Лондон, 22 јануари 2014 – Корпорацијата Интел откри нови уреди за интерактивната образовна средина на 21. век на овогодинешниот саем BETT. Новиот таблет Intel® Education Tablet и компјутер Intel® classmate PC се дел од решенијата на Интел Intel® Education Solutions, кои вклучуваат уреди, софтвер, содржини, услуги и професионален развој на наставници кои работат заедно да го трансформираа учењето и предавањето за успех на учениците.

Таблетот и компјутерот се прилагодени за ученици, со издржливи дизајни кои може да поднесат пад од клупа (од 70 см) и водоотпорност, како и отпорност на прашина што ќе промовира учење во секое време на секое место.

„Предводниците во областа на образованието се заинтересирани за зголемување на достигнувањата на учениците и поттикнување на доживотно учење,“ изјави Џон Галвин, потпретседател на групацијата за продажба и маркетинг на Интел и директор на програмата „World Ahead Program“. „Во Интел веруваме дека вистинската технологија може да трансформира. Затоа се фокусираме на дизајнирање на алатки кои го оживуваат учењето и им помагаат на учениците да бидат поактивни. Резултатот е иднина во која луѓето имаат вештини кои им се потребни за можности и развој.“

Таблетот има оперативен систем Android 4.2 и има карактеристики кои им овозможуваат лесно користење на деца, како гумени рачки или копче за вклучување кое е заштитено од несакано притискање и пенкало кое е лесно за држење. Содржи двојадрен процесор Intel® Atom™ processor Z2520, голем е 10 инчи, има предна и задна камера и можна поддршка за 3G и просечно 12 часа долготрајност на батеријата за учениците да можат да учат во текот на целиот ден.

Процесорот овозможува четири апликации да работат истовремено и ја зголемува ефикасноста на јадрата. Интегрираната платформа поддржува 3D технологија, хардверски поттикнато енкодирање и декодирање со 30 рамки во секунда.

Компјутерот се базира на процесорот Intel® Celeron® processor N2806 и работи со оперативниот систем Windows 8.1. Верзија која ќе поддржува Windows 7 и Linux ќе се произведе во текот на годината. Уредот има можност за работа на допир и содржи камера што би поттикнало креирање нови содржини.

Ноутбук компјутерот на HP „Classmate“ е првиот производ кој е заснован на референтниот дизајн и се очекува да биде достапен овој месец во Америка, Европа, Блискиот Исток и Африка, а на пролет и Азија.

„Овој ноутбук компјутер помага во овозможување пристап до алатки, апликации за учење и образовни содржини за ученици и наставници низ светот,“ изјави Гас Шмедлен потпретседател на „PPS Education, HP“. „Професионалниот развој и ресурсите на HP за образовна технологија може да помогнат и да поттикнат значајни промени во учењето, општеството и економијата.“

Новите таблет и компјутер содржат карактеристики како алатка за зголемување која се прикачува и сензор за температура кој се прикачува во аудио излезот. Овие карактеристики ќе им овозможат на учениците да гледаат микро и макроскопски слики, да мерат и анализираат податоци од средината, што ќе ја „оживее“ науката и ќе им даде слобода на учениците да истражуваат научни концепти насекаде, не само во училница.

 

Решенија на Интел за училниците

Новиот таблет и компјутер на Интел и се моќни алатки за учење, кои се дел од флексибилните, сеопфатни решенија на Интел за образованието, кои подразбираат најразлични уреди, од таблети до лаптопи и уреди 2 во 1, софтвер, содржини, услуги и професионален развој за наставниците да им помогнат на учениците да се посветат на учењето и да ги зголемат нивните достигнувања. Пакетот „Intel Education Software“ содржи апликации за активирање на учениците преку алатки кои поттикнуваат истражување на наставната програма и промовираат поголем интерес со содржини како апликацијата „Kno“, која им нуди на наставниците и учениците пристап до глобална библиотека со повеќе од 225.000 образовни наслови.

Интел верува дека технологијата може да им помогне на предавачите и вработените во училиштата подобро да ги подготват учениците за долгорочен успех. Врз основа на декада исполнета со соработка, спроведување и истражување, решенијата за образование на Интел се дизајнирани да им помогнат на предавачите да ги инспирираат учениците, да ги поддржат училиштата во постигнување на врвен успех и да им ја олеснат работата на администраторите. Веќе докажаните решенија на Интел им помогнале на повеќе од 10 милиони наставници да им овозможат подобро образование на стотици милиони ученици во 100 држави.

Пакетот образовни решенија на Интел се прикажани на штандот на Интел на „Bett 2014“ (B358). Штандот има виртуелна училница каде наставници ќе предаваат вистински лекции базирани на наставниот план на Интел.

 

За Интел

Во глобалната економија, Интел препознава дека љубопитноста, критичкото размислување и квалитетното образование се потребни за подготвување на идната работна сила за работните места на 21. век. За таа цел Интел соработува со влади, невладини организации и индустрии за да го подобри образованието и да им овозможи на сите да развијат вештини за долготраен успех. Интел директно се вклучува во развојот на образовни решенија и програми преку лобирање, но и преку напори за пристап до технологија. Програмите на Интел се прилагодени според потребите на локалните заедници, но имаат заедничка цел да го откријат индивидуалниот потенцијал преку обезбедување развој на вештини и отворање можности за успех. www.intel.com/education

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma