Џеј Џеј Абрамс кој е виновен за Mission Impossible 3, серијата Lost, последните делови на Star Track сега е задолжен за новото продолжение на Star Wars. Toj откри дека сценариото за следниот Star Wars филм е готово, а со снимање ќе почне во мај.
„Планот е снимањето да почне во мај. Го имаме сценариото и одиме со полна пареа напред” – изјави режисерот.
Сепак Абрамс одби да открие детали за сценариото и за улогите на Star Wars: Episode VII. Тој работел на сценариото заедно со Лоренс Касдан, кој бил косценарист на Star Wars Episode V: The Empire Strikes Back и на Star Wars Episode VI: Return of the Jedi
Премиерата на Episode VII е закажана за 18 декември 2015 година, а филмот ќе биде првиот дел откако Disney ги купи Lucasfilm за 4.05 милијарди долари.