Минатата есен законите, со кои се контролираше нудистичкото сончање престанаа да важат, а третиот најголем град во Германија мораше да одлучи дали на нудистите ќе им дозволи да се соблекуваат во јавноста.
Градот зазеде позитивен став кон нудизмот и луѓето во Минхен сега можат голи да се сончаат во шест зони, ширум градот. Иако тие зони се наоѓаат во парковите, со цел на нудистите да им биде загарантирана приватноста, ниту една од тие зони не е оградена или скриена.
Една од нив се наоѓа на десет минути пешачење од главниот градски плоштад и тоа во дел, кој е полн со туристи.
Нудизмот во Германија не е контроверзна работа и Минхен само ја продолжи праксата, која со години се применуваше. Нудистите на брегот на реката Исар или во градскиот парк Енглишер беа нормална појава, а сега и официјално добија места, на кои можат да уживаат во сонцето.
httpv://www.youtube.com/watch?v=kG06sIMtnKo#t=10