Окото на Назар: Мала амајлија со огромна сила

popara25 февруари, 201417min00
8

Денес ќе ве запознаеме подетално со една од најраспространетите амајлии за која се верува дека поседува огромна моќ.

Нема научни докази дека амајлиите имаат благопријатно дејство врз даден човек. И покрај тоа многу се барани и користени од луѓе од различни возрасни групи, религии и држави.

Станува збор за амајлијата наречена Окото на Назар. Речиси сме сигурни дека ова име ништо не ви зборува. Всушност тоа се оние мали сини монистра, изработени со форма на око, со кои често се украсуваат разни парчиња накит.

Потеклото на овие стакленца кои во последно време се користат како моден аксесоар, не е дефинирано прецизно. Има претпоставки дека се работи за окото на Хорус, а други го нарекуваат Окото на Пророкот или Окото на Алах.

Една од легендите поврзана со мистериозната амајлија гласи дека кога египетскиот бог Хор ги отворил очите светот бил преплавен со светлина. Тоа објаснува зошто окото на Назар е толку популарно во Египет.

Во минатото се сметало дека луѓето со сини очи имаат “лош поглед“ и имаат способност да фрлаат уроци и магии. Тоа е причината да се смета дека амајлијата со форма на око ја одбива негативната енергија и таа се враќа кај оној што ја пратил.

Ако сакате да си купите ваква амајлија треба да знаете дека за да биде максимално ефективна, треба да биде изработена од стакло, при тоа рачно. Во Измир денес можат да се најдат стари мајстори-стаклари кои изработуваат вакво магично око.

Кога Окото на Назар ќе се скрши, тоа значи дека веќе го акумулирало злото и треба да се смени со ново.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag