
Состојки:
- 1 ½ шолја брашно
- 3 ½ лажички прашок за пециво
- 1 лажица сол
- 1 лажица шеќер
- 1 ½ шолја млеко
- 1 јајце
- 3 лажици растопен путер
Подготовка:
Во голем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот. Додека мешате додадете го млекото, јајцето и растопениот путер сѐ додека не добиете единечна смеса.
Загрејте ја тавата на среден оган, а потоа истурајте ја смесата со мала црпалка. Печете додека палачинката не порумени од двете страни.
Рецепт за одлично вкусен намаз за палачинките:
Состојки:
- 100 грама путер
- 100 грама печени лешници
- 1 мала лажичка мед
- Малку цимет
Подготовка:
1. 90 грама лешници сомелете ги во мелница, па додадете ги во путерот кој предходно сте го извадиле на собна температура.
2. Мешајте со дрвена лажичка додека состојките не се спојат во една смеса. Додадете го медот и малку цимет и измешајте.
3. Останатите лешници исечете ги на крупни парчиње и измешајте ги со смесата.