Револуционерно откритие!
Новото откритие е клучно во процесот на успорување на стареењето на кожата. Луѓето секојдневно се изложени на сончеви зраци, а Земјината атмосфера и магнетното поле не се доволно јаки за целосно да не заштитат од сите непожелни ефекти на тоа зрачење. Колку повеќе ултра виолетови зраци продираат во кожата, предизвикуваат се поголема штета, се додека не ги оштетат и ДНК молекулите во клетките на кожата. Иначе, антиоксидансите кои ја штитат кожата од штетните сончеви зраци можат да се најдат во зелениот чај, црното вино, доматите, индиската куркума која се користи како зачин и чај.
Антиоксидансите го спречуваат оштетувањето на клетките па научниците одлучиле да го пресметаат нивниот однос со штетата која сончевите зраци ја прават за кожата. Од сите анализирани антиоксиданси откриено е дека тиронот 100% ја штити кожата од штените зраци и влијанието на штетните ензими кои се лачат како последица од стрес.