
Загубата на дете веројатно е најлошото нешто што може да му се случи на човек. Она што се случило со Валери Ватс е речиси незамисливо. Нејзиното бебе сосема нормално се развивало, но последниот ден пред пораѓај дошло до компликации.

Валери почувствувала дека бебето не мрда во стомакот. После пораѓајот ја дознала страшната вистина: нејзиниот син е мртвороденче.

Година дена подоцна одлучила да го продаде креветчето кое било наменето за нејзиниот син.
Гералд Кумпула се распрашувал за креветчето и го купил.

Откако Гералд и неговата сопруга ја дознале вистината за ситуацијата, знаеле што треба да направат.
Одлучиле креветчето да и го вратат на Валери, но како извор на утеха, а не болка.

Во својата работилница креветчето го претворил во столче и го вратил на мајката…

httpv://www.youtube.com/watch?v=4RBcWhSAKg0