Стручњаците во лабораторијата на Институтот Линколн во Кембриџ, во сојузната американска држава Масачусетс, направија лек ДРАКО, кој може да ги излечи сите типови на болести кои се предизвикани од вируси – од настинка, грип, па се до ебола.
Овој лек, според мислењата на стручњаците, би можел да стане најголемото медицинско откритие уште од појавата на антибиотиците. Благодарение на овој лек сите заболувања предизвикани од вирус можат да бидат излечени во само еден ден.
Лекот ДРАКО се врзува за инфицираните клетки правејќи ги самодеструктивни. Досега истражувачкиот тим на Институтот неговото дејство го тестирал против 15 вируси, вклучувајќи риновируси, предизвикувачи на настинки кај деца и возрасни, грип, стомачни вируси, како и вирусот на детска парализа. Според нивните зборови, ДРАКО се покажал делотворен и тоа поединечно на секој од овие вируси.
Најавите се дека ДРАКО во аптеките би можел да се појави до крајот на оваа деценија.