Цитиран е еден официјален претставник на Пентагон кој изјавил: “Би сакал да му го разнесам мозокот“, додека еден аналитичар на НСА изјавил: “Ако не беше забрането да се убиваат американски граѓани, јас лично ќе отидев и ќе го убиев!“
Адвокатот на Едвард Сноуден, Анатолиј Кучерена изјавил вчера дека неговиот клиент е загрижен за својот живот откако на интернет прочитал експлицитни закани на анонимни претставници на Пентагон и НСА.
“Објавени се сериозни закани кои укажуваат на реална закана и одмазда против Едвард Сноуден“, изјавил Кучерена,
Американските власти го бараат Сноден со цел да му се суди поради разоткривање на тајни документи пред јавноста.
Сноуден откако во јуни 2013 го напушти САД, доби привремен азил во Русија, што предизвика остри реакции во Вашингтон, а претседателот Барак Обама токму поради тоа откажа состанок со рускиот колега Путин.
“Ќе бараме од американските власти тие луѓе кои се закануваат да ги тргнат маските и да биде откриен нивниот идентитет. Мораме да знаеме кои се тие луѓе кои го планираат убиството на Едвард Сноуден“, истакнал Кучерена.