Поранешениот судски истражувач повторно ги анализираше токсиколошките наоди и откри нови детали за смртта на славната личност актерката Британи Марфи.
Почитуваниот експерт Кирил Вехт е повикан да ја истражува неразјаснетата смрт на Британи Марфи и нејзиниот сопруг Симон Монјакa, пишува Daily Mail.
– Никогаш не сум видел вакво нешто. Толку многу тешки метали во организмот. Никогаш не сум го видел тоа кај некоја личност и фактот дека истото се повторува и кај двајцата, отвора многу прашања “, рече Вехт.
Таткото на актерката, Ангело Бертолоте доби одобрение да започне нова истрага за да ја открие причината за смртта на неговата ќерка. Британи почина 2009, а пет месеци подоцна почина и нејзиниот сопруг.