Планетата наречена Kepler-186f се наоѓа во ѕвездениот систем на Kepler-186, којашто е помала и помалку вжештена од Сонцето, и е петта по ред од неа, надминувајќи ја големината на Земјата за само 10 отсто, вели раководителот на истражувањето, астрономот Елиза Кинтана од институтот SETI при истражувачкиот центар на NASA.
Системот Kepler-186 се наоѓа во ѕвездениот систем сместен на 490 светлосни години од Сонцето и опфаќа пет планети со големина слична на Земјата, но само Kepler-186f е во така наречената населива зона, додека другите се преблизу до ѕвездата.
„Ова е првата планета со димензии на Земјата, пронајдена во погодната зона на друг ѕвезден систем”, вели Кинтана. Ова откритие, според неа, ја потврдува веројатноста од пронаоѓање сродни планети на земјата во нашата галаксија Млечниот пат.
Оваа зона се нарекува погодна за живот поради збирот од услови, како што се температурата, гравитацијата, нивото на радијација, кои овозможуваат на нејзината површина да постои вода во течна состојба.
Фред Адамс, професор по физика и астрономија на Универзитетот Мичиген, смета дека станува збор за важен чекор во откривањето на егзопланета идентична на Земјата. Како што вели Кинтана, потрагата по вакви планети е една од главните задачи на телескопот „Kepler”.
Од речиси 1.800 егзопланети, пронајдени во последните две децении, само дваесетина се наоѓаат во така наречените „погодни зони”.
httpv://www.youtube.com/watch?v=J2ohX-hOGpQ