Тимоти Реј Џонс (32) е човекот осомничен дека ги убил своите пет деца во Јужна Каролина и потоа со часови возел до руралното подрачје во Алабама каде ги фрлил телата замотани во кеси за ѓубре е уапсен.
Како што денеска соопшти американската полиција, се очекува покренување дополнителни обвиненија во врска со смртта на децата, кои се пронајдени мртви покрај автопатот недалеку од Камден во Алабама.
Децата биле на возраст од една до осум години, а нивното исчезнување го пријавила нивната мајка на 3 септември.
Џонс имал заедничко старателство над децата со нивната мајка, од која е разведен.