Ова е клубот во кој забавите траат по 3 дена!

popara26 февруари, 20141min00
ova-e-najdobriot-tehno-klub-vo-svetot-od-koj-ne-se-izleguva-po-3-dena-01

Клубот се отвора во петок навечер и во него журките траат непрекинато до понеделник наутро.

Овој објект е изграден во индустриска зона, во зградата на некогашна електрана, а во него строго е забрането фотографирањето. Така, оние кои никогаш не го посетиле не може да знаат што се случува внатре сè додека не влезат.

Прочуениот Berghain ги привлекува најугледните светски DJ, па баш затоа Берлин во последниве неколку години е позициониран како престолнина на забавите.

Berghain може да собере 1.500 луѓе, а сите посетители го добиваат својот омилен пијалак низ скриени подземни тунели.

На интернет дури и се појави апликација која ве советува како да влезете и да се однесувате во овој клуб. Многумина советуваат дека во никој случај не смеете да се облечете официјално и предлагаат продавници кои ќе ви помогнат со изгледот.

Исто така, клубот никогаш не пушта млади кои веќе се пијани на самиот влез.

Кога ќе го погледнете од надвор, никогаш не би рекле дека во старата, напуштена зграда се наоѓа ваков забавен свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag