Дмитриј Риболовлев, кој живее во Монако, мора да и плати четири милјарди швајцарски франци на неговата поранешна сопруга која живее во Женева.
Елена побарала шест милијарди долари од Дмитриј, кој е на 147-мото место на листата на магазинот Forbes на најбогати луѓе во светот со богатство од 8,8. милијарди долари.
Елена го добила и неговиот замок во Швајцарија и две згради во Женева, како и старателство над нивната 13-годишна ќерка. Другата ќерка е полнолетна.
Адвокатите на Дмитриј, најавиле жалба.