Првиот вака осветлен пат е автопатот во близина на градот Оса, каде 500 метри од патот свети зелено во темница. Студиото Roosegaarde, кое го реализира проектот, го постигнало ова на прилично едноставен начин. Имено, во белата боја која се употребува за исцртување на линиите патот, додаден е фотолуминесцентен прав во зелена боја. Светењето е овозможено со полнење од сончева светлина, што значително ќе ја намали потрошувачката на електрична енергија за осветлување на патиштата, пренесува BBC.
Ова е само почетна фаза од проектот – во иднина планираат во автопатот да интегрираат комплексен систем за сигнализација, посебна подлога со светла кои ќе се вклучуваат само кога во близина ќе поминува возило. При ниски температури на автопатотот би се проектирале снегулки кои би предупредувале за временските услови.
httpv://www.youtube.com/watch?v=IBTx87xiscs